Connect with us

Ракомет

СЕХА: Вардар поразен на гостувањето во Загреб

Екипата на Вардар доживеа пораз на гостувањето кај ППД Загреб со 23-26 (14-14) во меч од 6. коло на СЕХА лигата.

Серијата на македонскиот шампион заврши по 31 натпревар, што досега не му успеало на ниту еден друг тим во регионалното натпреварување, а интересно е дека и последниот пораз дојде токму од хрватскиот тим.

Кристопанс со 4 гола беше најефикасен во составот на „црвено-црните“, додека Кисељев, Дибиров и Карачиќ постигнаа по 3.

Во екипата на Лино Червар најефикасен беше Хорват со 6 гола.

Вардар и Загреб имаат пет победи и еден пораз и се на првите две места на табелата.