Connect with us

SPORTM.mk

Сејдини избран за нов претседател на ФФМ

[ad_1]

Муамед Сејдини е избран за нов претседател на ФФМ на Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија.

Во присуство на претставникот и член на Извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер, потоа Хејди Беха, претставник од ФИФА, генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски и заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт, Газменд Ристеми, од 96 делегати на Собранието присутни беа 90 од кои 82 гласаа „ЗА“ избор на Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ.

Тој изрази благодарност за укажаната довербата.

– Голема е честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија и да се бориме за македонскиот фудбал. Вратата на Фудбалската федерација на Македонија секогаш ќе ви биде отворена. Во име на нашата „Куќа на фудбалот“, сакам да Ви се заблагодарам за соработката во изминатиот период, но и да укажам на новите предизвици кои ги имаме и кој заеднички ќе се трудиме да ги исполниме. Искрено се надевам дека сите заедно ќе работиме на заедничкото создавање подобра иднина за нашиот фудбал, изјави Сејдини по изборот.

Новиот претседател на „Куќата на фудбалот“ додаде дека новото раководство на Федерацијата со сета сила и капацитет ќе се стреми да ги оствари целите од Стратегискиот план на Федерацијата, а тоа значи целосна поддршка од ФФМ за Националните селекции, Општинските фудбалски Сојузи, домашното натпреварување, инфраструктурно подобрување и развој на младинскиот фудбал.

Сејдини изрази голема благодарност до УЕФА и ФИФА

– Двете организации се нераскинлив дел од нашето работење и се надевам дека ќе бидеме горди на низа заеднички проекти и во иднина. Ве повикувам чесно и одговорно да продолжиме да даваме придонес за развој на фудбалот во Македонија, изјави Муамед Сејдини, откако ја доби довербата да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

[ad_2]

Извор: Netpress