Connect with us

Фудбал

Сејдини: Уживаме во резултатите, следува премија од 100 илјади евра

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини го изрази своето задоволство од остварените резултати на репрезентацијата. Воедно порача дека  посакува оваа приказна да продолжи.

Управниот одбор на ФФМ одлучи да се исплати премија за репрезентативците во износ од 100.000 илијади евра, парична награда која беше предвидена за постигнатиот резултат.

– Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.