Секс скандал ја тресе Шпанија, на тројца фудбалери им се заканува затворска казна

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, напаѓачот на Еибар, Серхи Енрих и дефанзивецот на Рајо Валјекано Антонио Луна би можеле да завршат во затвор. Причина е снимка со експлицитна содржина на која спомнатите фудбалери имаат сексуални односи со девојка, а на снимката се слуша како им вели: Престанете, не го правете тоа.

Сето тоа се случило кога Луна играл за Еибар заедно со Енрих, а се верува дека зад камерата бил играчот за врска на Албасете, Еди Силвестре Пасквал, кој исто така во тоа време бил член на баскискиот тим.

Сите се обвинети дека направиле видео без согласност на девојката, а покрај затворски казни, најверојатно ќе заработат и парични.

Целиот инцидент се случил во октомври 2016 година, а наскоро ќе има и судски процес.