Ракомет
Селекторот на Данска повеќе не може да молчи: Дали намерно загубивме од Франција? Овие се…
Финалето на Европското првенство во ракомет ќе го играат Шпанија и Шведска.
Шпанците до финалето стигнаа преку Данска која синоќа ја совладаа во полуфиналниот меч, а бурата околу мечот меѓу Данска и Франција во последното коло се уште трае.
Данците претходно обезбедија полуфинале, а грешка на Франција чекаше Исланд. Не ја дочекаа бидејќи Франција одигра одлично второ полувреме и славеше со 30:29.
По натпреварот се крена голема прашина, многумина веруваат дека Данска и дозволи на Франција да игра против Шпанија во полуфиналето, а после се зборува и селекторот на Данците Николај Јакобсен.
„Го дадовме максимумот против Франција и цврсто стојам зад моите зборови. Има глупи приказни дека намерно загубивме од Франција за да играме против Шпанија во полуфинале, а не против Шведска. Шпанија е одлична комбинација на младост и искуство со одличен селектор, а истото може да се каже и за Шведска“, изјави Јакобсен за официјалниот сајт на ЕХФ.
На крајот, Данска повторно ќе се сретне со Франција во мечот за третото место, со оглед на тоа што триколорите во полуфиналето беа поразени од Шведска.