Ракомет
Селекторот на Данска сега претпазлив: Мечот со Македонија е големо значење со нас, сакаме да бидеме пред нив
Селекторот на Данска, Николај Јакобсен, кој призна дека пред првиот меч со Македонија мислеле дека полесно ќе поминат, а доживеаја пораз од 33:29, сега со поинаков став во пресрет на денешниот втор меч. Вели дека овој меч со Македонија не е клучен. За нив е важно да се пласираат на ЕП, не е важно дали тоа ќе биде како први во група или втори.
Најважно е да се пласираме на Европското првенство, без разлика дали сме први или втори. Сигурно ќе биде голем неуспех доколку се лизнеме на третата позиција. Затоа мечот со Македонија е од големо значење за нас. Ќе се обидеме да победиме со тоа што ќе бидеме пред нив кога ќе се земе севкупниот двомеч – вели Јакобсен.
За потсетување во пресрет на овој меч Македонија е прва во група со 6 бодови, пред Данска со 4. Натпреварот се игра попладнево во Алборг со почеток во 16 часот.