Ракомет
Селекторот на Грција не сака да каже Македонија: Играме две силни пријателски со Скопје
На 3. и 4. ноември, ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против Грција и тоа во Солун. Во пресрет на овие натпревари, селекторот на Грција, Георгиос Заравинас даде интервју за официјалната интернет страница на тамошната федерација. Она што е воочливо е дека тој воопшто не го спомна името на нашата држава ниту еднаш во ова интервју. Тој вели дека Грција ќе одигра два силни пријателски меча со Скопје. игра два пријателски натпревари против Грција во Солун, а селекторот на нашиот јужен сосед упати провокација.
-Во Солун ја одработуваме првата недела од подготовките за првиот настап на ЕП, фаза е исклучително важна за нас поради што ќе играме две силни пријателски средби против Скопје. За нас е важно да имаме силни пријателски средби против земји што во последниве години биле постојано присутни во финалните фази од европските и светските шампионати. Ќе испробаме некои работи, ќе консолидираме некои наши посилни особини и ќе се обидеме да вклучиме некои нови имиња поврзувајќи го сениорскиот со младинскиот национален тим“, изјави Заравинас.