Ракомет
Селекторот на Шведска: Горд сум, го сопревме најсилното оружје на Македонија
Се чини дека македонските ракометари премногу лесно, премногу рано го положија оружјето на дуелот со Шведска. Уште по првото полувреме се виде дека Швеѓаните на овој меч се предобри, па на крајот резултатот од 32:20 го покажува односот на силите на теренот. Веројатно тоа му стана јасно и на Брестовац, кој потоа почна да комбинира со составот, веројатно да ги сочува силите за следниот меч.
Селекторот на Шведска Глен Солберг вели дека е задоволен и горд од победата, а неговиот тим одиграл како што се договориле.
-Имавме само два тренинзи пред мечот со Македонија. Гледавме видео од нивната игра и се договоривме како да одиграме. Успеавме да ги сопреме нивните најсилни оружја, изјави селекторот на Шведска.