Ракомет
Селекторот на Словенија за Македонија: Тие се многу горди и цело време играат со срце
Полека се наближува стартот на ЕП во ракомет, кое почнува на 13-ти. Противници на Македонија во групата се Данска, Словенија и Црна Гора. Селекторот на словенечката репрезентација Љубомир Врањеш е претпазлив. Вели дека македонските ракометари играат цело време со срце за националниот тим.
-Македонците се силен тим, брзо знаат да ги понесат емоциите, тие се многу горди и со цело срце играат за националниот тим. Тоа секако е најголемата опасност за нас. Опасни се во првите натпревари на големите турнири, дури победувале и репрезентации како Франција и Данска. Тие се добар тим, но исто и ние. Имаат силни кружни напаѓачи. Не знам многу како ќе игра Кирил Лазаров, кој е фантастичен ракометар, но тој самиот не може да го добие натпреварот, вели Врањеш.
Токму против Словенија македонските ракометари го стартуваат ЕП на 13-ти јануари во 18 часот, два дена подоцна е пресметката со Црна Гора, а последниот меч од првата фаза е против Данска на 17-ти јануари.