Connect with us

Фудбал

Селта со бод на гости кај Барселона му дава шанса на Реал Мадрид

Фудбалерите на Барселона не успеаја да ја совладаат Селта во првиот меч од 14. коло во Шпанија кој заврши со резултат 2-2.

На тој начин Каталонците му обезбедија можност на најголемиот ривал Реал Мадрид да им се доближи само на 6 бода на шпанската првенствена табела.

Инаку Каталонците водеа два пати на мечот со головите на Меси и Суарез но Аспас и Лопез им обезбедија бод на гостите од Виго. Реал вечерва гостува во Билбао додека второпласираната Валенсија својот меч го игра утре во Хетафе.