Connect with us

Фудбал

Селтик загуби, Роџерс задоволен од играта

Менаџерот на Селтик, Брендон Роџерс рече дека е задоволен од играта на својот тим против Баерн Минхен и покрај поразот (1: 2) што шкотскиот тим го забележа синоќа на својот терен.

– Атмосферата беше прекрасна и тимот си играше многу добро. Треба да бидеме попрецизни при завршувањето на нападите, но се уште има нешто да се научи на ова ниво. Во некои ситуации, ние направивме грешка во одбраната, но тоа не го менува фактот дека ние генерално добро се претставивме, истакна Роџерс.

Тој ги потенцира грешките што неговите избраници ги направија по кои Баварците ги постигнаа головите.

– Ние сме разочарани од исходот и особено од начинот на кои ги примивме головите. Не смееме да си дозволиме против таквите брзи напаѓачи, долги додавања и посед на топката на противничките играчи, изјави тренерот на Селтик.

Шкотската екипа по поразот од Баерн ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.