Connect with us

Тајмаут

Семејството на Шумахер одлучи да направи голема промена

Пет години откако легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер беше тешко повреден во скијачка несреќа. Германецот, како што е познато, ја удри главата на карпата и бил подложен на бројни операции, но неговото здравје денес е малку познато, бидејќи семејството одлучило за целосна приватност.

Единствено што се знае е дека, Шумахер во моментов лежи на крвет во неговиот дом во Женева, но според она што го пишуваат странските медиуми, тој наскоро ќе се пресели во Мајорка, каде што неговата сопруга Корина купи куќа од 30 милиони евра.

Имотот од 5667 квадратни метри се наоѓа недалеку од Андраткс и има два базени, голем двор, хелипорт…, инаку претходно беше во сопственост на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Дека Шумахер се сели во неа, потврди шефот на општината Андраткс.

“Можам официјално да потврдам дека Михаел Шумахер ќе дојде кај нас. Ние сме подготвени да ви посакаме добредојде”, рече шефот Катија Роарх.

Михаел и во минатото беше среќен да дојде во Мајорка, а во деведесеттите години, исто така, сакаше да купи имот.