Кошарка
Сензација на МЗТ Скопје, ја совлада Цедевита Олимпија во АБА лигата (ВИДЕО)
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва на домашен терен забележа значајна победа над фаворитот Цедевита Олимпија.
Аеродромци во најголем дел од натпреварот беа подобар противник и имаа водство кое на моменти беше двоцифрено за конечни 79:74.
Засилувањето Кеандре Кук со 26 поени имаше одлично деби пред домашните симпатизери. Војдан Стојановски со 18, Мајк Кефи со 14 и Абдул-Малик Абу со 10 беа играчите со двоцифрен ефект.
Ова е трета победа за МЗТ Скопје по 18 одиграни натпревари во регионалната АБА-лига. Тимот од Аеродром и натаму е последен на табелата, но оваа победа може да биде поттик дека може да се избори опстанок.