Ракомет
Сензација во Египет: Јапонија одзеде бод од Хрватска, а можеше и да слави
Во одличниот натпревар, ракометните репрезентации на Хрватска и Јапонија ги поделија бодовите во 1. коло од групата Ц.
Хрватска влезе како апсолутен фаворит во дуелот со Јапонија, но како одминуваа минутите, јасно беше дека тимот на Лино Червар ќе мора добро да се испоти за два бода
Јапонија влезе во натпреварот без респект, брз и модерен ракомет со брза напаѓачка транзиција и направи многу проблеми за Хрватска.
Од минута во минута растеше предноста на Јапонија, која достигна шест гола во три наврати (14: 8, 16:10, 17:11), но во самиот финиш на првиот дел, Хрватска направи серија од 3: 0, па на одмор замина со три гола заостанување (17:14).
Хрватите ја „бркаа“ предноста на Јапонија во продолжението, па во 48. минута стигнаа до израмнување (23:23), а во последните три минути влегоа со резултат 28:28.
Јапонија стигна до предност од 29:28, но Чупиќ беше прецизен во самиот финиш од седум метри за конечни 29:29.
Мариќ беше најефикасен кај Хрватска со седум голови, додека Агари беше најефикасен кај Јапонија со шест.