Фудбал
Сер Алекс Фергусон го купи најскапиот коњ во историјата за неверојатна сума
Колдвел Потер стана најскапиот тркачки коњ досега на јавна аукција во понеделникот, откако беше продаден за 740.000 евра, а Сер Алекс Фергусон беше еден од партнерите кои го купија коњот. Легендарниот Шкотланѓанец е познат како страствен љубител на коњи и купувањето на Калдвел Потер го надмина претходниот рекорд за коњ продаден на аукција Interconnected, кој го купи Дарен Јејтс во Донкастер во 2019 година за 620.000 евра.
Sir Alex Ferguson among consortium which beats record for most expensive jumps horse ever by spending £634,000 on Grade One winner Caldwell Potter 🐎
✍️ @DominicKing_DM https://t.co/I0LkML0Bt4
— Mail Sport (@MailSport) February 6, 2024
Фергусон учествуваше во купувањето во партнерство со Гед Мејсон, Џон Хејлс и Питер Доне. Сер Алекс Фергусон долго време е љубител на трките со коњи, а откако се повлече од фудбалот, целосно се посвети на својата голема страст. Фергусон, најдобриот менаџер на Манчестер Јунајтед на сите времиња и според многу мислења најголемиот експерт на сите времиња, ги предводеше „црвените ѓаволи“ до 13 титули во Премиер лигата и две титули во Лигата на шампионите.