Connect with us

Ракомет

Серафимов: Лазаров верува на секој играч

Подготовките на македонската ракометна репрезентација за ЕП кое ќе се одигра од 13-ти до 30-ти јануари течат. Младиот Мартин Серафимов е полн со оптимизам.

-Подготовките течат одлично, а и верувам дека ќе продолжиме во овој ритам. Сѐ што работиме е точно и прецизно и секој си ја знае својата работа. Секако ние помладите знаеме да направиме почесто грешки, но затоа тука имаме квалитетен стручен штаб и поискусни играчи кои можат да ни даваат совети за како побрзо и поефикасно да се вклопиме во тимот и да ги намалиме грешките, вели тој и додава:

-Селекторот Лазаров верува во секој играч кој го има на располагање и затоа ние помладите добиваме сѐ повеќе одговорност на теренот. Се разбира честа е голема да си дел од вакви подготовки посебно пред настан како Европското Првенство“.