Тајмаут
Серена Вилијамс: На Google открив дека мојот сопруг има дете
Американската тенисерка Серена Вилијамс денес има мирен живот меѓу тениските терени и семејството.
Таа е во брак со Алексис Охајан и тие заедно имаат ќерка, Олимпија, но Серена призна дека преку Google дознала дека нејзиниот сопруг има дете од претходниот брак.
„Бевме заедно шест месеци и не знаев многу за него. Користејќи го Google, дознав дека тој има дете и бев во шок“, призна Серена.
„Јас сум спортист а тој е деловен човек. Јас сум црна, а тој е бел. Ние сме сосема спротивни, но мислам дека се надополнуваме. Тешката работа ни помага да се разбереме еден со други на различни начини“, рече таа.
„Никогаш не би рекла дека би се омажила за бел човек, но тоа ви покажува дека во љубовта нема разлика на боја или предрасуди. Едноставно тоа се случува“, признав Серена.