Други спортови
Серхио Перез ќе вози со Верстепен во Ред Бул и следната година
Mексиканскиот ветеран Серхио Перез ќе остане колега на Макс Ферстапен и следната сезона.
“Среќен сум што ќе продолжам со одличен тим како Ред Бул во новата ера на Формула 1 и тоа е одлична можност за мене. Следната година сите почнуваат од нула поради новите правила и мојата цел е да одам на врвот со Ред Бул “, рече Перез.
Тој очекува добри резултати подоцна во сезоната.
“Имаме уште многу да постигнеме заедно, оваа сезона имаме голем предизвик и се надевам дека ќе ја завршиме годината на високо ниво и дека ќе го пренесеме тој импулс во 2022 година. Сакам да им се заблагодарам на моите фанови ширум светот, особено оние во Мексико. Од моите спонзори, до навивачите, тие имаа толку многу ентузијазам кога се преселив во Ред Бул и навистина се надевам дека ќе успееме да ги наградиме со освојување на титулата “, додаде тој.
Charging into 2022 with @SChecoPerez ?? #VamosCheco
— Red Bull Racing Honda (@redbullracing) August 27, 2021
Досега, Перез има 104 бода во Формула 1 оваа сезона, со што се наоѓа на шестата позиција, веднаш зад Валтери Ботас и Ландо Норис, со кои ќе се бори за место во топ три. Покрај тоа, Ред Бул е на само 12 поени зад Мерцедес во трката на контрукторите.
Викендов Формула 1 се враќа по летната пауза од речиси еден месец, со трката за Големата Награда на Белгија.