Фудбал
Серхио Рамос му се извини на фоторепортерот
Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос му се извини на фоторепортерот што налетал на него по натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен во вторникот.
ПСЖ загуби од Баерн со 1-0 на „Паркот на принцовите“, а по натпреварот, кога тимот тргна да ги поздрави навивачите, Рамос грубо турна фоторепортер.
Маркус Гилијард, фоторепортер кој тогаш се обиде да го фотографира Нејмар, откри дека Рамос лично му се извинил.
„Изненадување во вечерните часови. Серхио Рамос лично ме контактираше и се извини за неговото однесување, извинувањето е прифатено, случајот е затворен“, напиша Гилијард на својот Твитер профил.
Рамос потоа се огласи на Инстаграм за да му се заблагодари на фоторепортерот што го прифатил извинувањето.
Францускиот тим сега го чека тешка задача во реваншот со Баерн во Минхен. Натпреварот се игра на 8 март.