Connect with us

Тајмаут

Сестрата на Роналдо за поранешен италијански репрезентативец: Тој е собирач на топки!

Сестрата на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, Елма Алвеиро го чепна поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано.

Пред неколку дена напаѓачот остро зборуваше против Португалецот, наведувајќи дека не знае да игра фудбал. Касано рече дека единствениот интерес за Роналдо е да дава голови и дури и да постигне 3.000 гола не знае како се игра фудбалот, споредувајќи го со Игуаин, Агуеро, Бензева, Левандовски, Ибрахимовиќ и Суарез.

Сепак, овој коментар не помина туку Емла Алвеиро.

„Не го познавам овој кутриот и не ми е гајле за него. Ми велат дека бил фудбалер, мислам дека грешат. Тој беше собирач на топки. Но, ќе ви кажам една работа. „Ако Кристијано не знае да игра и има постигнато 900 гола, само замислете каков би бил кога би знаел да игра“, прокоментира Алвеиро.