Ракомет
Сестрите Бонавентура ќе ни судат против Египет
Македонија денес игра важен натпревар на Мундијалот, против домаќинот Египет.
ИХФ ги одреди сестрите Шарлот и Жули Бонавентура да ја делат правдата на денешниот натпревар меѓу Македонија и Египет, а делегат ќе биде, Австриецот Рејзингер.
Сестрите Шарлот и Жули Бонавентура се од Франција, веќе долго време важат за најдобри женски судии, па од неодамна добија можност да судат и во машка конкуренција.
Натпреварот меѓу Македонија и Египет се игра вечерва со почеток во 18 часот.