Connect with us

SPORTM.mk

Севилја го отвори првенството со гостинска победа

Во последниот натпревар од премиерното коло на шпанското фудбалско првенство, Севилја со 2:0 (1:0) го победи Еспањол на негов терен.

Стрелци за Севилја беа Регуиљон во 44 и Нолито во 86 минута. Претходно во неделата со погодокот во 54 минута на Хозеку Алавес пред својата публика беше подобар од Леванте.

Во последниот натпревар од неделната програма во Ла Лига, Атлетико Мадрид со голот на Алваро Мората во 23 минута беше подобар од Хетафе. И двата тима повеќе од едно полувреме играа со по десет играчи во поле, откако во 38 минута беше исклучен кај гостите Хорхе Молина Видал, а само четири минути подоцна во соблекувалната предвреме беше испратени и домашниот играч Ренан Лоди.

Во претпоследниот дуел од колото Реал Бетис доживеа пораз на домашен терен со 1:2 од Ваљадолид, но домашните уште од 8 минута играа со играч помалку поради исклучувањето на Роблес. Гостите поведоа преку Серхио Гвардиола во 63 минуа, но по само пет минути Бетис израмни со голот на Лорен, а победата на Ваљадолид му ја донесе Оскар Плано во 89 минута.

Актуелниот шампион Барселона го отвори првенството во петокот вечерта без својот капитен Аргентинецот Лионел Меси и со гостински пораз од 0:1 кај Атлетик Билбао.

Во саботата беа постиганти следните резултати: Селта – Реал Мадрид 1:3, Валенсија – Реал Сосиедад 1:1, Мајорка – Еибар 2:1, Леганес – Осасуна 0:1 и Виљареал – Гранада 4:4.

Извор: Нетпрес