Connect with us

Тајмаут

Шакира го оставила Пике поради девојка од Скопје?! (ФОТО)

Веста дека по 11 години врска од која имаат две деца, се разделиле колумбиската поп ѕвезда Шакира и дефанзивецот на ,,Барселона,, Жерар Пике, е топ тема во светските медиуми. Како причина за нивната разделба се наведува неверството на фудбалерот со девојка за која многу малку се знае.

Бугарските медиуми пишуваат дека , таинствената девојка поради која се разделува славниот пар е токму Драгана Спасовска, родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка, која е доста популарна и во Бугарија, бидејќи и таму ја градеше кариерата и беше дел од многу модни настани и избори за убавина, а која сега живее и работи во Дубаи.

Шпанските медиуми досега тврдеа дека причината е откриено неверството на дефанзивецот со 23-годишна русокоса која работи како келнерка во познат локал и е прв пријател на момчето на неговиот соиграч Рики Пуиг.

Сепак, извори од Дубаи тврдат дека Пике многу порано паднал на Драгана. Тие двајца често се среќаваа во емиратот, а фудбалерот секогаш се појавуваше без Шакира. Нивната последна средба била во ресторан пред Нова година. Нивните топли чувства ги издава и една фотографија од Драгана и Пике која се појави на социјалните мрежи.

Порталот „Фокус“ ја контактирал Драгана, а таа изјави:

Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите… Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате – изјави Спасовска.

Реклама

Facebook