Connect with us

Тајмаут

Шакира му испрати ’неморална’ понуда на Пике – Одбиена!

Врската помеѓу ѕвездата на Барселона Жерар Пике и колумбиската пејачка Шакира раскина по 12 години.

 

Славниот пар се запозна во 2010 година за време на снимањето на спотот за песната „Waka Waka“, која беше официјална химна на Светското првенство во Јужна Африка.

Од тој момент Шакира и Џерард станаа еден од најпознатите парови. Од нивната љубов се родија два сина – Саша и Милан, а нивната врска изгледаше идеална.

Сепак, се се распадна пред неколку месеци. Шакира дознала дека Џерард ја изневерува и веднаш решила да го остави.

 

Шакира и нејзините деца сакаат што поскоро да ја напуштат Барселона. Таа за ново место на живеење го избра Мајами, но Пике не сака да и ги остави синовите и е подготвен да започне судски спор против неа.

 

Атрактивната 45-годишна пејачка на секој начин се обидува да го убеди бившиот да и ги остави децата и мирно да започне нов живот во Соединетите Американски Држави.

 

Така Шакира, според шпанските медиуми, на своето поранешно момче му испратила прилично интересна понуда, но фудбалерот на Барселона ја одбил.

Шакира се понудила целосно да се грижи за децата и тие да започнат нов живот во Мајами и дека Џерард не мора да плаќа алиментација за нивното воспитување.

Му понудила и можност пет пати годишно да ги посетува децата во Мајами со сите платени патни трошоци.

 

И тоа не е се. Таа му понудила и исплата на 20 отсто од даночниот долг што Жерар Пике и го должи на шпанската држава, а таа бројка е околу два ипол милиони долари.

 

Сепак, Пике го одби сето ова. Решил да се бори за децата и сака неговите синови да растат со него.

 

На крајот според се судот ќе одлучи за старателството и ќе видиме каква одлука ќе донесе.