Тајмаут
Шакира не можеше да издржи-Пике не ми дозволува, ама… (ФОТО)
Фудбалерите на Барселона синоќа во Ел Класико го победија Реал Мадрид со 4-0. Каталонскиот клуб убедливо го совлада најголемиот ривал на Сантијаго Бернабеу и покажа дека се враќа во самиот врв на европскиот фудбал. Барселона на овој меч успеа да слави со 4:0, а за Реал Мадрид да биде уште полошо, на крајот добро се снајде бидејќи гостите можеа и поубедливо да слават.
По натпреварот можеше да се види колку им значи оваа победа на фудбалерите на Барселона, а по обичај се истакна Жерар Пике кој со навивачите прослави нова победа на „Сантијаго Бернабеу“.
Пике го одигра целиот натпревар иако Чави пред натпреварот откри дека има проблеми со повреда поради што побара замена против Галатасарај во вториот дел.
Во центарот на вниманието по натпреварот беше неговата избраничка Шакира, која не одолеа и реши да објави на Инстаграм.
“Жерард обично не ми дозволува да ги кажувам овие работи јавно. Сепак, само тој може да го одигра ова херојски, и покрај повредата што ја има и која му предизвикува болка и непријатност, тој секогаш го дава својот максимум. Не е дека е мој сопруг, но тој е најдобриот стопер на светот. Јас го кажав своето“, напиша популарната пејачка.