Connect with us

Тајмаут

Шакира во врска со легендата на шпанската репрезентација и Реал Мадрид?

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас е тема на шпанските медиуми.

 

Неколку таблоиди, но и сериозни шпански медиуми објавија дека легендата на Реал Мадрид наводно би можела да биде во врска со Шакира која раскина со Жерар Пике.

Шакира и шпанскиот репрезентативец Жерар Пике (35) потврдија дека се разделуваат на 4 јуни 2022 година по 12 години врска. Оттогаш двајцата се обидуваат да постигнат договор за условите за разделба, но, засега, безуспешно.

 

Икер Касиљас се разведе од новинарката Сара Карбонеро во март 2021 година. Гласините за блиска врска со Шакира се појавија уште пред Пике да биде партнер на познатата пејачка.

 

Сепак, Икер Касиљас остро ги демантираше информациите кои неодамна се појавија во шпанските медиуми, објавувајќи на Инстаграм неколку кадри со веста која се појави за наводната врска со Шакира.

Поранешниот голман додаде навреда на шпански за да го покаже својот бес од гласините, според Marca.

„Неверојатно е. Од каде такво нешто“, напиша Касиљас кој потсети дека оваа тема во весникот се појавила дури откако Икер почнал да ја следи Шакира на Инстаграм.

Икер Касиљас и Сара Карбонеро имаат две деца и се во брак пет години. Шакира и Жерар Пике не се законски во брак, но имаат две деца: Саша (7 години) и Милан (9 години).

 

Гласините за наводната врска меѓу Касиљас и Шакира се уште почудни ако се земе предвид дека пред само еден месец Икер беше поврзуван со Марија Хозе Камачо.

 

шпанскиот весник Hello објави „сеопфатен извештај“ во кој може да се видат заеднички фотографии од различните средби кои Касиљас ги имал со спортистот – на сите тие се прикажани со нежен однос.