Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Шампионот Вардар без поени си замина и од Кратово

Серијата на неуспех која Вардар ја започна со натпреварот против Победа во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) продолжи и денеска на гостувањето во Кратово. За шампионот во ПМФЛ ова е трет натпревар во кој губи поени, па така моментално на табелата помеѓу Шкендија и Вардар разликата е +11. Што се случува со Вардар, кои се причините за негативата, денеска по натпреварот во Кратово пишуваа и медиумите.

Натпреварот во кратово помина во мирна и не толку интересна атмосфера. На самиот почеток со шанса за домаќинот да поведе, но сепак топката ја погоди само стативата на Гачевски.

Силекс подоцна ја имаше шансата на натпреварот за водство против шампионот од белата точка, но не успеаа да реализираат.

Второто полувреме не помина ништо по различно од првото. Првата сериозна шанса во вториот дел дојде дури во 85. минута, кога Барсегјан испрати еден удар од далечина, но истиот заврши над голот на кратовчани.

Вардар моментално е на третото место на табелата и зад себе остава два загубени натпревари против Победа и Работнички и денешниот 0:0 со Силекс.