Фудбал
Шефот на Наполи кон Јуве: Нема почиста титула од нашата!
Непријателството е познато на фудбалскиот југ и север на Италија, особено меѓу Наполи и Јувентус.
Во пресрет на утрешното гостување на Наполи кај Удине, каде ќе им треба бод за да ја „запечати“ третата клупска титула и прва по 33 години, својот коментар го даде претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, притоа секако не пропуштајќи да го „гризе Јувентус:
„Мислам дека ние како клуб требаше да освоиме повеќе титули, во неколку наврати завршувавме втори зад Јувентус и секогаш ја освојувавме „титулата на чесноста“. Затоа ќе кажам дека нема почиста титула од нашата“, истакна шефот на Наполи.