Connect with us

Тајмаут

Шест килограми помалку: Марсело се набилда преку ноќ

Бразилскиот лев бек Марсело изминатата сезона беше често критикуван поради вишокот килограми, што се одразуваше и на неговата игра на теренот. Но, под закана да го изгуби местото во првиот тим, Марсело се посвети на тренинзи и во краток период изгуби шест килограми.

Пред само десетина дена Реал Мадрид ја стави иднината на Марсело во клубот под знак прашалник, кога му дозволи сам да реши дали сака да остане во дресот на „кралевите“ како опција од клупата или да си замине за да добие поголема минутажа во некој друг клуб. Тоа го натера Марсело да работи на себе, со цел да остане прв избор на Зинедин Зидан и во наредната сезона.

По заминувањето на неговиот добар пријател Кристијано Роналдо, левиот бек на Реал Мадрид изгледаше како да се загуби себеси и пружаше лоши партии во текот на сезоната, а критичарите ја посочија неговата тежина како причина за тоа. Враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид го мотивираше Марсело да внимава повеќе на своето тело, а летото дојде во идеален момент за него, бидејќи Бразилецот веднаш по крајот на сезоната се фрли на вежбање.

„Би направил сѐ за Зидан, многу сум среќен поради неговото враќање“, изјави Марсело пред еден месец.

?️ Marcelo ya lo avisó en mayo: "haría cualquier cosa por Zidane"? As Tikitakas

Gepostet von as.com am Donnerstag, 20. Juni 2019