Фудбал
Шевченко го исполни ветувањето, Украина оди на ЕП
Со победата над Португалија од 2:1 селекцијата на Украина обезбеди пласман на ЕП 2020. Славниот напаѓач Андриј Шевченко, кој сега е селектор на украинската репрезентација изјави дека го исполнил своето ветување.
– Го исполнив ветувањето. Ветив дека ќе одиме на Европското првенство. Тешко ми е да кажам, колку многу емоции беа доживеани на натпреварот. Благодарен сум на Киев и цела Украина за нивната поддршка, изјави Шевченко.
На табелата во Б-групата, Украина е лидер со 19 бода од сеум натпревари, Португалија има 11 од шест средби, Србија е трета со 10, Луксембург има четири бода исто така од шест натпревари, последна е Литванија со само еден бод од седум натпревари.