Connect with us

Фудбал

Шкендија поразена и со нов тренер, Академија Пандев славеше во Тетово

Актуелниот шампион Шкендија и со нов тренер доживеа пораз. Стратегот Ернес Ѓока, кој беше назначен пред неколку дена, дебитираше со пораз на кормилото на тетовскиот тим. Академија Пандев замина со сите три бодови од Тетово. Славеше со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Маслаќ во продолжението од првиот дел.

Академија Пандев во моментов е на првото место на табелата 21 бод, додека Шкендија е на 6-то место со 11 бодови.

Утре се среќаваат: Борец – Шкупи, Македонија ГП-Вардар, Работнички – Струга, Силекс-Ренова. Сите средби почнуваат во 14:30.