Connect with us

Фудбал

Шкотски четвртолигаш го има најкреативниот терен во светот


Брешин сити е клуб кој игра во шкотската четврта лига и воопшто не е познат во светски рамки. Сепак, овој клуб има со што да е пофали. Го има можеби најкреативниот терен во светот. Брешин повеќе од 100 години игра на стадионот Глејб Парк, а на трибините може да собере околу 4.000 гледачи.
Теренот кој е на овој стадион е еден од најкреативните и е вистинска милина да се гледа од птичја перспектива. Сепак, треба да се потенцира дека во најсилните лиги не е дозволено вакво креативно уредување на теренот, бидеќи тоа може да ги збуни помошните судии кои се задолжени најчесто да проценат дали има офсајд позиција. Токму поради тоа терените во најсилните лиги се со традиционални хоризонтални линии.

.

Извор: Sportmanija.mk