Други спортови
Шкупи ги доби противниците во групата од ЛШ
Македонскиот футсал шампион екипата на Шкупи се најде во групата Б од првата фаза во Лигата на шампионите заедно со екипите на Локомотив од Летонија, Кардиф од Велс и Енкамп од Андора.
Според пропозициите само победникот ќе избори место во следната рунда од оваа натпреварување.
Првиот круг ќе се игра турнирски во периодот од 27 август до 1 септември, а домаќин на Б-групата ќе биде токму македонскиот шампион.
Извор: Дриблинг