Connect with us

Фудбал

Шкупи од денеска има нов тренер, негов најголем успех е настап во Лига Европа

Шкупи, од денеска има нов тренер и тоа турскиот интернационалец Џихан Арслан, кој доаѓа на местото на Гоце Седловски.

Арслан е искусен 53-годишен стратег, а негов најголем успех со настапот во Лига Европа со турскиот тим Акхисар во сезоната 2018/2019. Во групната фаза тогаш играше против Севиља, Краснодар и Стандард.

Со него на Чаир доаѓа и Февзи Лајич како помошник. Шкупи во моментов е второпласиран на табелата во Првата лига со 42 бода, четири помалку од лидерот Струга ТЛ.

Advertisement