Connect with us

Фудбал

Шкупи со пресврт до триумф над Работнички вреден пласман во евро-куповите

Во најинтересниот натпревар од последното коло на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкупи попладнево го победи Работнички и го освои четвртото место. На тој начин фудбалерите од Чаир обезбедија учество во квалификациите за Лига Европа.

Резултати на натпреварите од 36.коло во ПМФЛ:

Академија Пандев – Вардар 1:1
Победа – Македонија ЃП 1:3
Работнички – Шкупи 1:2
Ренова – Шкендија 3:2
Силекс – Беласица 2:1.

Старо-нов шампион е Шкендија која ќе играа во квалификациите од Лигата на шампионите, Вардар, Академија Пандев, и Шкупи според пласманот ќе играат квалификации за Лига Европа, но вардарци не добија лиценца од ФФМ, па нивното учество на меѓународна сцена е неизвесно.

Силекс ќе игра бараж за опстанок, а лигата ја напуштаат Беласица и Победа.

Конечна табела: Шкендија 79 бода, Вардар 64, Академија Пандев 58, Шкупи 48, Ренова 47, Македонија ЃП 47, Работнички 46, Силекс 24, Беласица 38, Победа 23.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com