Фудбал
ШОК! Фудбалер на 36 годишна возраст се самоуби!
Српскиот фудбалер Горан Обрадовиќ (36) изврши самоубиство.
Обрадовиќ последната година настапуваше за Тауншип Ролерс од Боцвана, но остави многу поголем белег во Ереван, бранејќи ги боите на Арарат, Ганјазар, Алашкерт и Мајк.
Веста за смртта на Горан пристигна од Ерменија, во која со жалење беше објавено дека тој извршил самоубиство.
– Почивај во мир – се вели во прошталната порака на неговиот поранешен клуб Арарат.