Connect with us

Други спортови

ШОК ПРЕД ВИМБЛЕДОН Судиите добија страшна наредба, Новак ќе полуди по ова

Сега судиите се најдоа во несекојдневна ситуација бидејќи покрај работата треба да им излезат во пресрет на сите заинтересирани – играчите не се радуваат кога се кратки паузите, но во овој случај најмалку се прашуваат! Проблемот се организаторите и сопствениците на телевизиските права, кои повеќе мислат за себе отколку за тенисерите и тоа може да направи хаос во Лондон. За работата да биде уште полоша, и публиката е поделена – оние на стадионот сакаат долги натпревари затоа што платиле, а оние пред малите екрани сакаат да трае што е можно пократко бидејќи немаат време за маратонски пресметки.

Наводно, на судиите им било наложено да ги „кратат“ натпреварите поради гледачите покрај малите екрани на Грен слем турнирите бидејќи никој не сака да го гледа истиот меч со часови.

Тоа се оправдува со недостатокот на внимание кај помладите гледачи, кои не се посветени на спортот и нивното внимание лесно талка на други работи. Од друга страна, судиите треба да ги „продолжуваат“ натпреварите на други турнири, за телевизиите да имаат повеќе простор за реклами, особено кога во финалето играат некои од најдобрите играчи во светот.

Засега не е јасно како точно ќе се однесуваат судиите кога е во прашање Вимблдон, но јасно е дека скратувањето на паузите меѓу натпреварите може да направи проблем и на овој Грен слем.