Поврзи се со нас

Ракомет

Шок за Бразилците пред СП: Останаа без селекторот и Петруш

Бразилската ракометна репрезентација се соочи со проблеми поради пандемијата со коронавирусот. Обелоденето дека во своите редови два нови члена заразени со коронавирус.

Се работи за членот на европскиот вицешампион Барселона, Тиагуш Петруш, кој имал позитивен тест на ковид-19 и поради тоа нема да настапува на ракометниот мундијал.

Наместо позитивниот голман Леонардо Теркариол ,од Шпанија е поканет Цезар Оливеира де Алмеида, а наместо првата репрезентативна sвезда Тијагус Петрус од Барселона, никој не е поканет.

Информацијата ја потврди и Барселона, а единствено позитивно за Бразилците е што од седум позитивни тестови последните денови, само два се на ракометари.

Тиагус Петрус и селекторот Маркус Тата добиле позитивни резултати на последното тестирање и нема да можат да патуваат со остатокот од делегацијата, со што бројката на заразени во селекцијата на Бразил сега достигна до седум члена.

Бразилците ќе бидат водени од двајца помошници на Оливеира, а јужноамериканската селекција во група ќе игра со Полска, Тунис и Шпанија.

Facebook

loading...