Connect with us

Ракомет

Шок за РК Вардар, ЕХФ бара милион евра депозит за Лига на шампиони

Европската ракометна федерација објави имиња на шест клубови, кои благодарејќи на специјалната покана ќе се најдат во групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите за наредната сезона. РК Вардар не беше меѓу нив, бидејќи неговото учество беше сигурно од самиот почеток. Македонскиот шампион емеѓу 10 клубови кои беа сигурни учесници.

Но, сепак има проблем…

Се воспостави дека учеството на двократниот првак на Европа во ЛШ и не е така сигурно. Имено, ЕХФ денеска соопшти дека Вардар нема да може да ига ЛШ, ниту Лига Европа, доколку до 27-ми јули не исплати сума од милион евра. Станува збор за долгови на Сергеј Самсоненко. ЕХФ бара депозит од милион евра, а доколку тоа не се случи РК Вардар нема да биде регистриран за европските натпреварувања следната сезона. Во тој случај неговото место ќе го заземе шампионот на Словенија, Горење Велење.