Connect with us

Тајмаут

Шокантно видео, навивач во Хрватска пукаше со зоља за време на натпревар, вистинско чудо е што никој не настрада (ВИДЕО)

Фудбалскиот свет деновиве беше шокиран од сцените кои доаѓаат од фудбалско игралиште во Хрватска. Имено, главна тема на социјалните мрежи е видео кое се појави пред два дена, а снимката е направена на натпревар помеѓу хрватските нисколигаши Плитвице – Соколац, објави 24сата.хр.

Станува збор за натпревар од Првата Лика-Сењ Жупаниска лига за кој никој не можеше да претпостави дека ќе стане главна тема на светската јавност.

Во центарот на вниманието беше еден од локалните навивачи кој за време на натпреварот пукаше од зоља, што го шокираше фудбалскиот свет.

Овој навивач испука ракета за време на натпреварот, а ракетата експлодирала на теренот, а само од чиста среќа никој од луѓето на теренот не бил повреден.

Работата да биде уште полоша, останатите кои снимаа и гледаа што прави овој навивач само се смееја, а очигледно никој не бил ни свесен дека некој може сериозно да настрада.

Според одредени информации не станува збор за боева муниција која била испукана туку школска, а други пак дека во зољата бил ставен огномет. Како и да е останува нејасно како воопшто навивачот внел зоља на стадионот ако се знае дека секогаш има обезбедување и полиција.

За оние кои не знаат, зоља е лесен ракетен фрлач кој се користи за уништување на оклопни возила. Останува да видиме дали полицијата во Хрватска ќе реагира по видеото кое го шокираше фудбалскиот свет и ќе ги казни овие хулигани за загрозување на безбедноста.