SPORTM.mk
Шпанецот ја откри вистинската причина зошто Реал го продаде Роналдо
Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус се уште е тема на спортската јавност, а многумина се обидуваат да дознаат зошто кралскиот клуб толку лесно го продаде својот најдобар играч.
Роналдо во Реал Мадрид одигра девет сезони и освои се што можеше, но многумина веруваат дека уште неколку сезони можеше да игра на највисоко ниво во Реал Мадрид. Сепак, претседателот Флорентино Перез одлучи да ја прифати понудата на Јувентус од 100 милиони €, бидејки желбата на Роналдо беше да оди во Торино.
Сепак, шпанските медиуми сметаат дека во Реал Мадрид добро размислиле пред конечната одлука, па сфатија дека продажбата на Роналдо е најдобро решение. Реал заработил 100 милиони евра, па е во плус 87 милиони евра откако Маријано се врати од Лион кој се смета за замена за Роналдо.
Перез и неговите соработници одлучија дека за Реал е најдобаро, Роналдо да оди, бидејќи во тој случај ќе профитира со 87 милиони евра, додека неговиот престој ќе му чини многу пари. За Роналдо годишно издвојуваја околу 40 милиони евра, вклучувајќи бонуси, што се навистина огромни пари.
Од друга страна, Маријано верува дека може да го замени Роналдо, а ги чини 34 милиони евра годишно помалку од Роналдо. Се чини дека заминувањето на Роналдо веќе не е толку изненадувачки, односно одлуката на кралот да го ослободи толку лесно.