Connect with us

Ракомет

Шпанија до рутинска победа – Катар со пресврт до триумф против Бахреин

Шпанија стигна до рутинска победа над Уругвај од 28-23 во натпревар од второто коло во групата 1 од главната фаза на Светското првенство во Египет.

Арино беше најдобар во редовите на Шпанија, откако постигна девет погодоци, додека кај Уругвај најефикасен беше Кансио со осум погодоци.

Во натпревар од групата -2, Катар славеше над Бахреин со резултат 28-23(13-14), иако по првиот дел губеше со еднен разлика. Катарците сепак го искажаа својот квалитет во продолжение од мечот и успеаја да освојат два бода. Капоте кај Катарците постигна девет гола.