Фудбал
Шпанија се реваншираше на Германија – „Црвената фурија“ ги има најдобрите младинци во Европа

Шпанија ги има најдобрите младинци на континентот, откако вечерва во финалето на Евопското првенство за играчи до 21 година, со 2:1 ги победија врсниците на Германија. Со оваа победа, „Црвената фурија“ целосно се реваншираше на Германија за поразот во финалето во Полска од пред две години. Тогаш Германија се радуваше на титулата благодарение на победа од 1:0.
Играчот за врска на Наполи, Фабијан Руиз ја донесе Шпанија во водство во 7 минута, што беше и резултат од првиот дел. Во второто полувреме, играчот на Динамо Загреб, Дани Олмо зголеми на 2:0.
Германија беше немоќна, а единствено што успеаа да направат „панцерите“ е тоа да постигнат почесен гол во 88 минута преку Амири.
.
Извор: Sportmanija.mk