Фудбал
Шпанија со „петарда“ за Романија, селекторот Морено ќе биде сменет, се враќа Луис Енрике
Селекцијата на Шпанија со 5:0 славеше против Романија во последниот квалификациски дуел и како првопласирана селекција во групата, обезбеди пласман на ЕП, заедно со Шведска која е втора.
Шпанските медиуми објавија дека селекторот Роберто Морено нема да ја води „Црвената фурија“ на континенталниот собир. На клупата на шпанската репрезентација ќе се врати Луис Енрике, кој токму на Морено му ја отстапи позицијата поради лични причини, односно се повлече поради смртта на неговата ќерка.
Контактите се веќе воспоставени, деталите ќе бидат познати наскоро.