Други спортови
Шпанско „чудо“: 18-годишник го шокира Циципас, елиминиран и Рубљев
Карлос Алкарас (18 години) изминатата ноќ ја направи најголемата сензација до овој момент на Отвореното првенство на САД, елиминирајќи го големиот фаворит, Стефанов Циципас во драматичен меч во пет сета (6-3, 4-6, 7-6, 0-6, 7-6).
18-годишниот Шпанец направи вистинска сензација, бидејќи Гркот беше трет носител на турнирот во Њујорк, но не покажа сигурност и загуби во натпревар кој траеше четири часа и единаесет минути.
Во драматичен меч во пет сета тој го елиминираше Циципас. (6:3,4:6, 7:6, 0:6, 7:6). Во третиот сет младиот Алкараз губеше со 2:5, но успеа да го врати брејкот и да се избори за тајбрејк во кој доминантно победи. Иако четвртиот сет го загуби без освоен гем, сепак не попушти и се врати со добра игра во петтиот.
Елиминација по речиси четири часа доживеја и Андреј Рубљов, по пет сета од Францес Тиафо со 3-2. Иако Русинот тргна добро и поведе, Тиафо направи пресврт. По израмнувањето во четвртиот сет, во одлучувачкиот Американецот со експресни 6-1 дојде до победата.
Сигурен беше вториот носител Данил Медведев, победувајќи го Пабло Андухар со 3-0. Русинот со 6-0, 6-4, 6-3 успеа да го надигра ривалот и лесно да дојде до следната фаза.