Фудбал
Шпанците пишуваат! Модриќ се збогува со Реал – еве каде оди
Фудбалерот на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ би можел да го напушти мадридскиот клуб на крајот на сезоната, бидејќи добил понуда од 120 милиони евра за тригодишен договор од неименуван клуб од Саудиска Арабија, шпански „ОК Диарио“.
Капитенот на хрватската репрезентација има договор со Реал до 30 јуни годинава, а според претходниот договор би требало да ја продолжи соработката со мадридскиот клуб на уште една сезона по завршувањето на сезоната .
Раководството на Реал се договори со Модриќ хрватскиот фудбалер да потпише едногодишен договор вреден 10 милиони евра.
“Модриќ најверојатно ќе се збогува со Реал и Сантијаго Бернабеу на натпреварот против Билбао во недела. Тој веќе ги известил челниците на Реал дека има намера да замине во Саудиска Арабија. Се чинеше дека ќе го продолжи договорот, но тогаш пристигна богата понуда и Модриќ го смени мислењето“ – објави шпанскиот новинар Педро Антолинос.
Најдобриот играч на Реал, Карим Бензема, кој исто така има договор до крајот на сезоната, наводно кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, иако претходно вети продолжување на соработката со мадридскиот клуб.