Ракомет
Штета, младата чета на Лазаров не успеа да се пласира во финале, но ќе се бори за бронзен медал
Нашата најдобра ракометна репрезентација загуби во полуфиналето на Медитерански игри во Оран 2022 од Египет со 34:20.
Противникот беше подобар во текот на целиот натпревар и заслужено ќе игра во финалето на МИ ОРАН.
Во среда подмладената репрезентација на Македонија ќе игра за бронзениот медал. Кој ќе биде противникот на нашите ракометари ќе се знае вечерва по вториот полуфинален меч помеѓу селекциите на Шпанија и Србија.