Connect with us

Тајмаут

Што се случува? Францускиот стручњак се јави на Твитер

Контрадикторни се информациите кои утрово доаѓаат од Островот во врска со тоа кој се се наоѓал во хеликоптерот кој синоќа се урна во Лестер.

Се знае само дека хеликоптерот е во сопственост на газдата на клубот Вичаи, но различни медиуми објавија дека со него биле неговата ќерка, два пилота, потоа неговиот син, едно лице чиј идентитет уште не знае, спортскиот директор и на крај – менаџерот на Лестер, Клод Пуел.

Токму францускиот стручњак утринава се јави на Твитер за да ги запре шпекулациите, но и да го смири своето семејство кое немаше информација за него.

„Ова е трагедија за клубот, во мислите сум со жртвите и нивните семејства. Сакавме да ги спасиме, неверојатно е тоа што се случи и тажен сум. Сакам да кажам дека не бев во хеликоптерот и дека сум добар”, напиша Пуел.

SPORTCLUB.MK