Connect with us

Фудбал

Што се случува со најскапата аквизиција на Барселона?!

Се погласни се шпекулациите дека каталонскиот гигант Барселона ќе ја прекине соработката со бразилскиот интернационалец, Филипе Кутињо. Поголемиот дел од шпанските и англиските медиуми ја пласираа сензационалната информација дека најтрофејниот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед со денови ја подготвува официјалната понуда за 26-годишниот играч за врска.

Репрезентативецот на Бразил се почесто е критикуван поради просечните игри кои ги прикажува во Примера дивизион, а во последниот период, првенствените дуели ги започнува од клупата за резервни фудбалери.

“Диарио АС” тврди дека Барса сериозно размислува да се ослободи од услугите на најскапо купениот фудбалер во клупската историја кој беше купен пред една година од англискиот премиерлигаш Ливерпул за рекордни 130 мил. евра.

Агентите на Кутињо, Киа Јорабчиан и Џулијано Бертолучи, се убедени дека нивниот пулен мора што е можно побрзо да ја промени клупската средина и постојано го убедуваат дека мора и официјално да поднесе барање да биде ставен на трансфер листата. Крилниот напаѓач има договор со актуелниот шампион на Шпанија до 30 јуни 2023 година, а на одиграните 46 натпревари во дресот на Барса постигна 16 погодоци и запиша 10 асистенции.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com