Connect with us

Фудбал

Штогер повеќе не е тренер на Келн

Раководството на Келн објави дека завршила соработката меѓу клубот и тренерот Питер Штогер.

51-годишниот Австриец поднесе оставка откако по нерешените 2:2 со Шалке во 14. круг од Бундеслигата.

Келн се наоѓа на последното место на табелата со само три бода и без ниту една победа.

На наследникот на Штогер, Штефан Рутенберг ќе му биде исклучително тешко да го спаси клубот од испаѓање од најквалитетната фудбалска лига во Германија.